Филипче во операциона сала, изведена операција со нова техника на Клиниката за неврохирургија

од Берта Китинска
605 прегледи

Денеска на Клиниката за неврохирургија со мојот колега, д-р Владимир Рендевски, идниот заменик министер за здравство, на операција за прв пат изведовме нова техника што врши визуелизација односно флуоросцентно обојување на туморите, информираше поранешниот министер за здравство др.Венко Филипче.

-Оваа примена на напредна технологија, значајно придонесува за прецизно отстранување на тумор на мозокот кај пациентите. На колегите од Клиниката им благодарам за асистенцијата. На пациентот му посакувам што побрзо опоравување, вели Филипче.

Слични содржини