Филипче: Во оваа криза, жените медицински работнички, покажаа колку се цврсти и силни

292 прегледи
Министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук денес објави фотографии преку кои на жените – медицински работници им го честиташе празникот, 8.Март.
„Во оваа криза, жените медицински работнички, покажаа колку се цврсти и силни да се борат со пандемијата, еден од најголемите предизвици на столетието. Покажаа дека се подготвени неуморно да се вложат и да се жртвуваат себеси за животот и здравјето на своите сограѓани и доброто на зедницата. Со сета почит кон нивната големина и храброст, посебна осмомартовска честитка упатувам токму до нив, сите мои колешки. По повод празникот, денеска ги посетив медицинските сестри на Универзитетската Клиника за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување, лично им се заблагодарив за нивниот влог во оваа битка и им го честитав Меѓународниот ден на жената“, се вели во објавата на Филипче.

Слични содржини