Во рамки на денешната прес конференција, министерот за здравство, Венко Филипче истакна како тече третиот бран од Ковид 19 и посочи кои се значителните последици кои обојпат болеста ги носи со себе.
„Се соочуваме со бран кој е предизвикан од мутација на вирусот. Имаме голем број на пациенти кои се хоспитализирани и сега лекувањето трае нешто подолго, што создава терет на сите мобилизирани здравствени центри. Сепак, огромна е бројката на новодијагностицирани пациенти и сметаме дека празниците кои доаѓаат може дополнително да ја искомплицираат епидемиолошката ситуација. Оттаму, сакаме да ги спречиме поголемите катастрофални исходи. Во однос на регионот, многу земји се справуваат со овој исклучително тежок бран. Ние ги ангажиравме сите дополнителни капацитети и модуларни болници. Имаме клиничка слика на болеста, поразлична од претходните бранови. Сега и кај младите знае да се случи влошување на состојбата и во 12-13 ден, со една ужасна слика на белите дробови. Што се однесува до вакцинацијата, таму нема никакви проблеми и се’ се одвива нормално. Двајца пациенти имале лесна клиничка слика пропратена со колапс, за што интевенирале медицинските екипи. Апелирам да се почитуваат новите мерки, бидејќи само така ќе можеме да очекуваме во следниот период намалување на бројките“, истакна Филипче.