188
„На состанокот со Комисијата за заразни болести во понеделник ќе зборуваме за ширењето на делта сојот и за можната заштита на нашите граници. Ќе ги слушнеме предлозите, но засега нема да има дополнителни мерки на територијата на земјава“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција.
Според него, моментално се фокусирани на вакцинацијата.
„Во вторник ќе заврши вакцинацијата на сите пријавени во земјава, освен во градовите Скопје, Битола и Тетово. Во овие три града ќе се вакцинираат сите пријавени и ќе добијат термин наредниот петок. Очекуваме до крајот на следната недела да имаме 500.000 вакцинирани граѓани“, додаде Филипче и потенцира дека на некое места во земјава веќе е започната теренската вакцинација.