309
Препорачавме училиштата да почнат на почетокот на октомври затоа што во септември месец веќе има доволно ризик фактори кои може да ја влошат епидемијата, изјави министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „10 МИНУТИ“ на ТВ21.
– Очекувано е да има притисок кон болниците ако има новозаразени и пациенти кои треба да се лекуваат во болници, околу 20-тиот ден – третата недела некаде после некој настан, во таа смисла не сакаме да дозволиме голема бројка на луѓе да биде во затворена просторија и затоа е препораката училиштата да почнат нешто покасно“, истакнува министерот Филипче.