Филипче: Во тек е набавка на најсофистицирана терапија за пациентите болни од Ковид 19

404 прегледи

Како што посочи, министерот за здравство, Венко Филиплче, испратено е писмо до Европската комисија за резервација на најсофистицирана моноклона комбинирана терапија на антитела за третман на пациенти кои боледуваат од Ковид 19.

„Набавуваме најсофистицирана терапија на антитела за ковид пациенти со „коктел“ од „casirivimab” и „imdevimab”. Вчера испративме писмо до Европската комисија за резервација на оваа терапија. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земји, ќе биде и кај нас. Овој лек го набавуваме со помош на кредитот од Светска банка“, посочи Венко Филипче, денес на својот фејсбук профил.

Слични содржини