Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
-Вчера вкупно се вакцинирале 16.955 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.925 граѓани.Вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани.Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 66% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.62% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.53% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, вели Филипче.