386
Во изминатиот период се направени суштински реформи во здравствениот систем за обезбедување најквалитетен третман за пациентите со дијабетес мелитус и други ендокринолошки заболувања, соопшти Министерството за здравство.
„Воведовме три нови инсулини за пациентите со дијабетес.Инсулините се оригинални, со сертификат за квалитет. Го уништивме турскиот инсулин од стоковите резерви, набавен со паралелен увоз во време на претходната влада, без проверен ладен ланец, без познато потекло и без оригинал сертификати. Горд сум што им го подобруваме начинот на живот на пациентите. Се грижиме максимално за нив, тие се нашиот фокус“, вели министерот за здравство Венко Филипче.