-Се работи на реорганизација на клиниките за да одговориме на напливот на пациенти, кои се позитивни на Ковид 19. Од вчера на ротација пристигнаа 54 доктори и медицински сестри кои ќе помагаат на клиниките. Дел од приватните клиники го понудија и својот кадар на помош. Направен е увид на точниот број на персонал и кревети на Инфективна таму се користи и монтажната болница, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој напомена дека оваа е најголемата здравствена криза.
-Денеска првата порака ќе ја испратам до здравствените работници, знам дека се изморени. Ќе се мобилизираат сите ресурси. На граѓаните сакам да им порачам само едно нешто денес. Здравствените работници не се прибрани дома, изложени на голем ризик, долги смени, со цел да го спасат секој живот. А, секој може тоа да го прави со следење на трите препораки, маска, дистанца.Ве молам да се почитуваат овие мерки, за да може здравствените работници да здивнат, изјави Филипче.
Филипче кажа дека во моментов најголемо жаршите е Скопје и неколкуте населби во него.