Филипче: За 30 проценти го зголемивме капацитетот на одделот за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија

од Берта Китинска
295 прегледи

Министерството за здравство информира дека изминатите три години на Универзитетската клиника за неврохирургија се реализирани бројни инвестиции за унапредување на условите за третман на пациентите и кадровско зајакнување на установата.

„ За 30 проценти го зголемивме капацитетот на одделот за интензивно лекување. Истиот е целосно реновиран и обезбедена е нова медицинска и немедицинска опрема, како и нова централна климатизација на овој оддел. Извршивме комплетно реновирање и на стационарниот оддел на клиниката, со поставување тоалети во секоја болничка соба. Реновирана и целосно опремена е и детската соба, наменета за најмладите пациенти на оваа клиника. Ги подобруваме условите во нашето јавно здравство за подобри здравствени услуги на пациентите и подобри работни услови на здравствените работници“, изјави министерот Филипче.

Слични содржини