Филипче за новите мерки: Заштитата на сопственото здравје и лицата околу нас е запишана во Уставот

од Nikola Popovski
297 прегледи

Апсолутно е и правно оправдано. Заштитата на сопственото здравје и здравјето на лицата околу нас е запишана во Уставот, во член 39 и во Законот за работни односи, член 32, вака министерот за здравств, Венко Филипче ги оправдува предлог-мерките за вакцинација на администрацијата и здравствениот персонал, кои се очекува да бидат усвоени утре на владината седница.

Според него, и Уставниот суд веќе одлучувал по претходни барања да се толкува уставноста на мерката, да се бара задолжителна вакцината на децата во градинките.

-Одлуката на Уставниот суд е дека јавното здравје е пред се, информира Филипче во изјава за ТВ Канал 5.

Министерот објасни дека граѓаните кои имаат контраиндикации од вакцините, а тој број е многу мал, нема да треба да се вакцинираат, ниту да прават ПЦР тетсови, туку доволна ќе биде потврда од одреден специјалист дека не може да примат вакцина. Министерот рече дека граѓаните кои ја прележале болеста, после 45 дена треба да се вакцинираат, бидејќи вакцините немаат никакви несакани појави по прележувањето на вирусот.

Слични содржини