Филипче за новите мерки: Здравствените работници со сопствен пример ќе покажат како треба да се штитиме

од Берта Китинска
263 прегледи

Следната недела ќе бидат разгледани казните кои ќе се применуваат доколу мерките не се почитуваат, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Задолжителната вакцинацијата на здравствените рабоници е битна тие со својот сопствен пример ќе покажат како треба да се штитиме себе си и другите, напомена Филипче.

Во однос на вакцинацијата против коронавирусот, истакна дека таа не е задолжителна во ниту една земја.

-Грција донела мерка да се забрани влез во затворено место за сите граѓани кои не се вакцинирани.  Сѐ уште нема земја ниту има препорака од некоја меѓународна институција оваа вакцина да стане задолжителна и да влезе во календарот Кога би се случило, а верувам дека тоа ќе биде еден од начините да се излезе од кризата во текот на следната година и ние би го направиле тоа. Засега нема такви препораки. Следиме примери кои се имплементираат во различни земји од светот, истакна Филипче.

Слични содржини