Филипче за обештетувањето на граѓаните кои се вакцинираа во соседните земји: Отворени сме да разговараме со опозицијата

од Берта Китинска

Не сум го слушанл повикот на опозицијата не занм во која форма обештетување бараат , да го слушнеме предлогот може да поразговараме.Отворени сме да разговараме за добра идеја и да се имплементира, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ,  владата да им ги рефундира потрошените средства за вакцинација на граѓаните кои надвор од земјава се имаат вакцинирано.

Од опозцијата предложија Владата да ги компензира трошоците на македонските граѓани кои одат на вакцинација надвор од Македонија.

-Сите граѓани на Македонија кои плаќаат даноци тука, плаќаат здравствено осигурување тука, а имаат дополнителни трошоци за пат до вакциналните пунктови во соседните земји, трошоците да им ги рефундира Владата, побараа  од ВМРО-ДПМНЕ .

Слични содржини