Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изрази свое мислење во однос на најавените протести од страна на ДУИ. Тој истакна дека правото на протест е уставно загарантирано, но додаде дека не треба да се злоупотребува за политички цели.
„Правото на протест е уставно загарантирано, но апсолутно не сметам дека треба да се злоупотребува за политички цели. Ние веќе започнавме процес на разговори и наоѓање партнери за следниот период, особено во контекст на локалните избори. Дел од преговорите веќе се заокружени, други продолжуваат, а трети допрва ќе започнат“, изјави Филипче.