218
„За првпат приватните специјализанти се здравствено осигурани што значи дека може бесплатно да се лекуваат во установите во коишто работат“, објави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Според него, со најавените платени дежурства коишто треба да почнат од 1 јуни исто така за првпат специјализантите добиваат платени дежурства.
„Со што би се сметала дека се подобрува статусот на специјализантите нормално и мотивираноста за работа заради тоа што дежурствата се 20/20 или 24 часовна работа. – кажа Симона Сапунџија – специјализант на Клиниката за уво, нос и грло“, објави министерот Филипче.