Филипче: За првпат во IPA 3 инструментот ќе има пари за здравство, за здравствениот систем

од Берта Китинска
395 прегледи

На вчерашната средба во Охрид со специјализантите и младите лекари, министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче ги истакна и можностите кои се нудат на јавното здравство преку усогласувањето со законодавството на Европската Унија, како и новите можности кои ги нудат програмите. Во таа насока тој истакна дека преку IPA 3 инструментот за првпат се дедицирани средства за унапредување на здравствениот систем во нашата земја, наменети за инвестиции пред сè во луѓето и во опремувањето и унапредувањето на одделенијата за интензивна нега ширум земјата.

„Усогласувањето со законодавството на ЕУ и за нас отвора нови врати. За првпат во IPA 3 инструментот ќе има пари за здравство, за здравствениот систем. Направивме предлог проекти кои сегменти сакаме да ги зајакнеме. Правилно сме процениле дека најмногу треба да се инвестира во луѓето. Кризата со коронавирусот потврди дека вистинската инвестиција во здравството е прво во луѓето, потоа опремата, за што разговаравме и со ЕУ, и утврдивме дека е најважно да се зајакнат најбитните сегменти во секоја установа – а тоа се одделенијата за интензивна нега.“ – истакна Филипче.

Слични содржини