145
Министерот за здравство Венко Филипче смета дека во новата влада треба да остане секој кој се пронаоѓа во министерската позиција и покажал резултати.
Тоа е нешто што допрва ќе треба да се преговара и со политичките партии за парламентарното мнозинство така да тој процес ќе трае, кажа Филипче.
На прашањето дали очекува тој да биде дел од новата влада, Филипче одговори:
„Tреба да работи и да остане тој кој се пронаоѓа себе си во министерската позиција без разлика за кој ресор станува збор и тој што покажал резултати, а тие резултати се евидентни. Одлуката ја носи премиерот така што не се оптеретувам со тој дел“.