Министерот за здравство Венко Филипче, денеска изјави дека започнало давањето на третата доза од вакцината против Ковид-19.
„Таа вакцинација веќе започна. Луѓето кои имаат трансплантирани органи или се на хронична дијализа веќе ја примаат третата доза“, рече Филипче пред новинарите.
Кон средината на август, Комитетот за имунизација препорача „имунокомпромитираните лица“ да ја добијат третата доза, а Филипче потоа објасни дека со третата доза ќе се вакцинираат пациентите, на кои им е направена трансплантација, со хронична дијализа и други имунокомпромитирани пациенти во согласност со дијагнозата.
Министерот посочи дека анализите што се прават со домашните експерти е на кој период да се дава третата доза – на 4 до 6 месеци и кој тип на вакцина.