Денеска започна вакцинација на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести, информираше преку својот Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
-Се вакцинираат и родители и старатели на малолетните лица од овој регистар кој има околу 60 различни дијанози на ретки болести . Покрај овие лица ќе се вакцинираат и пациентите со цистична фиброза. Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со цистична фиброза. Вакцинацијата ќе се изведува во наредните неколку дена на вакциналните пунктови во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.Неделава завршува и вакцинацијата на околу 2000 пациентите кои се на дијализа, чекаат орган на листите за трансплантација, имаат трансплантиран орган или самите се донори, вели Филипче.