Филипче: Здравствени работници во изминати 4 месеци докажаа дека се столбот на нашиот здравствен систем

од Берта Китинска
237 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче јавно им честиташе на сите здравствени работници за макотрпната и пожртвувана работа за изминати 4 месеци.

„Им честитам на сите здравствени работници за макотрпната и пожртвувана работа во овие изминати 4 месеци. Докажаа дека со својата стручност, посветеност и мотивираност се столбот на нашиот здравствен систем. За две ипол години издадовме над 5000 согласности за вработување, а секој млад лекар има шанса за платен стаж веднаш по добивањето на лиценцата. Продолжуваме со политиките кои значат подобар третман и подобри услови“, изјави Филипче.

Слични содржини