Филипче: Здравствениот систем, медиумите, граѓаните и институциите кои треба да вршат контрола и санкција се заедно

од Берта Китинска

Министерот за здравство преку својот Фејбук профил упати благодарност до медиумите за коректниот однос целиот овој изминат период.

-Здравствениот систем, медиумите, граѓаните и институциите кои треба да вршат контрола и санкција се заедно. Сите сме заедно во оваа борба. Секој има свој удел и секој има своја улога. Ние не можеме да ја испратиме пораката до граѓаните ако не се медиумите. Сакам да се заблагодарам апсолутно на сите медиуми за коректниот однос целиот овој изминат период. Заеднички продолжуваме во справувањето со коронавирусот, напиша Филипче.

Слични содржини