Филипче: Здравствените работници и овие празници ќе ги поминат на работа, почитувајќи ги мерките да им се заблагодариме

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук повторно повика новогодишните празници дел од нас ќе ги поминеме со најблиските.

-Новогодишните празници дел од нас ќе ги поминеме со најблиските, но голем дел од здравствените работници и овие празници ќе ги поминат на работа, грижејќи се за пациентите. Во наредните денови, преку почитување на мерките да им се заблагодариме за целата снага и сила која ја даваат во спасувањето на човечки животи. Да бидеме одговорни, да не се групираме и да посакаме што побрзо да бидат со нивното семејство. Упатувам голема благодарност до американската амбасада за несебичната поддршка која ни ја даваат во справувањето со ковид-19. Заеднички ќе излеземе како победници од оваа здравствена криза, напиша Филипче.

Новогодишните празници дел од нас ќе ги поминеме со најблиските, но голем дел од здравствените работници и овие празници…

Posted by Венко Филипче on Friday, 25 December 2020

Слични содржини