На новинарско прашање дали разрешувањето на директорот на ЦЈЗ Арбен Зибери следи по денешната изјава дека:„Министерот за здравство не му е за границите, туку зашто чичко ми е кандидат за премиер Албанец“, министерот за здравство Венко Филипче на денешниот прес изјави дека разрешувањето следи по неговата изјава во однос на работата на Комисијата за заразни болести.
-Апсолутно ќе ја демантирам изјават на Зибери, разрешувањето следи по неговата изјава во однос на работата на Комисијата за заразни болести. Тој го поткопа угледот на челновите на Комисијата и нивната работа и одлуките кои ги носеа врз основа на медицинската наука. Нема да дозволам никој политички да поентира, овие луѓе четири месеци работат посветено, изјави Филипче.
На прашањето колкав е бројот на заразени денеска, министерот изјави дека денешниот број е сличен на вчерашниот.