Филипини: Од страв од земјотрес, жителите на Абра ја минале ноќта на отворено

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Жителите на филипинската провинција Абра ја минаа ноќта надвор од своите домови, откако вчера наутро силен земјотрес го погоди северниот остров Лузон, при што загинаа четири лица, а повеќе од 130 беа повредени.

Луѓето кои живеат во погодената област денеска изјавија дека се премногу исплашени да се вратат во своите домови, еден ден по земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтер, пренесува „Ројтерс“.

Земјотресот оштетил куќи, згради, цркви стари со векови, а по главниот удар сеизмолозите утврдиле дека имало уште 800 земјотреси.

Жителка на Бангеда, град во Абра на само 11 километри од епицентарот, рече дека таа и нејзиното семејство не сакаат да ризикуваат да се вратат дома.

Природните катастрофи се чести на Филипините бидејќи земјата се наоѓа на многу активна трусна област на Пацификот.

Земјотресите се вообичаени, а во просек има по 20 тајфуни годишно, од кои некои предизвикуваат смртоносни одрони.

Слични содржини