Филипински воен авион се урна при слетување, загинаа најмалку 17 лица

од Stefanija Kuzmanovska
333 прегледи

Филипински воен авион во кој биле 92 лица се урна при обид да слета на островот Џоло, во провинцијата Сулу. Најмалку 17 лица загинаа, додека најмалку 40 беа спасени, пренесува РТС.

Си-Ен-Ен на Филипините пренесува дека шефот на филипинските вооружени сили го потврдил падот на воениот авион Ц-130 за време на слетувањето на островот Џоло, пишува РТС.

Првичните информации велат дека во авионот имало 85 лица, но министерот за одбрана во текот на утрото изјави дека 92 лица патувале со авионот, вклучувајќи тројца пилоти и пет члена на екипажот.

Најмалку 17 лица загинаа во авионската несреќа, додека најмалку 40 беа спасени, пренесува „Ројтерс“. Се стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Акцијата за спасување продолжува.

Воени и цивилни пожарникари се на терен и се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувна по падот на авионот, пренесуваат медиумите.

Слични содржини