Филиповски по обвинувањата на Муцунски: Вие осум години сте на државна цицка и со ништо не допридонесувате

од Берта Китинска
609 прегледи

Вие осум години сте на државна цицка и со ништо не допридонесувате. Нашата фирма обезбедува храна за 100 семејства, кажа Александар Филиповски кандидат за градоначалник на Аеродром од СДСМ, на телвизија Канал 5 откако беше обвинте од својот противкандидат Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ дека неговата фирма, откако СДСМ е на власт, добила 15 милиони евра државни пари.

-Немојте вие на мене да ми кажувате за мојата фирма. Вие осум години сте на државна цицка и со ништо не придонесувате.Ние од таа фирма обезбедуваме храна за 100 семејства и таа е успешна фирма која со години ќе ја споменувам, одговри Филиповски.

Слични содржини