1,K
Англискиот репрезентативец Калвин Филипс упати емотивен поздрав кон репрезентативецот на Северна Македонија, Езџан Алиоски.
Филипс и Алиоски беа соиграчи во Лидс, кои решија на популарниот Џани да не му понудат продолжување на соработката и затоа не е изненадувачка пораката на десниот бек на „Гордиот Албион“ на Инстаграм.
„Со среќа, брату! Ќе недостигаш“, напиша Филипс со додадено срце.
Алиоски одигра вкупно 171 натпревар за Лидс и постигна 22 гола.