Филипс прогласен за најдобар англиски фудбалер во изборот на навивачите

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Играчот за врска на Лидс Јунајтед, Калвин Филипс е прогласен за најдобар англиски фудбалер од страна на навивачите, објави англиската репрезентација во средата.

Овој 25-годишен фудбалер ги остави зад себе играчот од средниот ред на Челси, Мејсон Маунт и фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг.

Филипс имаше одлична сезона во Лидс, помагајќи му на тимот на Марсело Биелса да го заврши шампионатот на деветтото место во поредокот.

Тој за првпат играше за Англија во септември минатата година и брзо стана клучен играч во средниот ред, па ги започна сите натпревари во првиот тим на ЕП 2020, каде „Гордиот Албион“ беше поразен во финалето од Италија.

Тимот на Герет Саутгејт ќе игра против Унгарија в четврток во квалификациите за СП 2022 година, по што ќе следат натпревари против Андора и Полска.

Слични содржини