Министерот за правда Игор Филков, како дел од владината делегација која оддаде почит по повод 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, порача дека борбата за правда, слобода и достоинство е темел на нашето постоење како народ и држава.
„Денес сме овде, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, за да оддадеме почит на државничката визија и храброста на генерациите кои пред 81 година го поставија темелот на нашата државност.“ изјави Филков
Тој нагласи посочи дека првото заседание на АСНОМ не е само историски момент, туку жив доказ дека борбата за правда, слобода и достоинство е темел на нашето постоење како народ и држава. Како министер за правда, должност ми е да го чувам тој завет.
Министерот за правда го заврши своето обраќање со „Нека ни биде потсетник – патот на правдата бара храброст, истрајност и одговорност. АСНОМ ни остави обврска, а ние имаме должност таа обврска да ја преточиме во дела“.