Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите

од Nikola Popovski
166 прегледи

Министерот за правда, Игор Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите. На денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада, Филков појасни дека законското решение ќе мора да се донесе во најскоро време, со оглед дека судството може да се соочи со проблем.

-Имаме реален проблем и работиме на измените. Мислам дека предложената граница ќе биде 67 години и ќе важи за сите судии, појасни Филков, одговарајќи на новинарски прашања.

Недостигот на судии во македонските судови влијае на квалитетот на пресудите. Голем дел од судовите работат со помалку од една третина од предвидените судии. Тоа значи повеќе работа за секој судија, трупање предмети, одолговлекување на пресудите.

Тотален колапс на судството ќе има за околу 10 години ако продолжи ова темпо на одлив на судии и неизбирање нови – ова го покажала анализата на невладината „Коалиција сите за правично судење“, според која за 5 години, во пензија и нешто со разрешувања од судството заминале 177 судии, а биле избрани само 52 од дипломираните кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители.

Слични содржини