Филков одговори дали ќе ја напушти министерската функција и ќе се кандидира за градоначалник на Карпош

од Nikola Popovski
229 прегледи

Министерот за правда, Игор Филков, запрашан дали планира да се повлече од функцијата и да се кандидира за градоначалник на општина Карпош, одговори со зборовите „апсолутно не“.

-Како ќе се приближуваме кон локалните избори, нашиот фолклор ќе биде се поинтересен. Видете, не планирам да се повлечам од функцијата, планирам да продолжам со реформите и не планирам да се кандидирам за градоначалник на Карпош. Односите во коалицијата се одлични, кажа Филков.

За препирките со пратеникот Антионио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и односите меѓу владеачките партии, Филков рече:

-Би се задржал само на коментарите кои што се дел од демократијата. Верувам дека и во иднина ќе следат како што се ближиме кон предизборието. Односите во коалицијата не можат да бидат подобри.

Ваквите дилеми се отвораат откако дел од коалицијата ВЛЕН размислува дали да продолжи заедно или да соработува со други партии од албанскиот блок. Во преден план е Арбен Таравари – предводник на едното од двете крила на Алијанса за Албанците.

Пред една недела, Милошоски даде слаба оценка за министерот, Филков тој му возврати со обвинувања, а Мицкоски ги правда и смирува – имале лош ден. Пратеникот кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ цени дека министерот за правда не направил многу за реформирање на правосудството иако се заложил за тоа. Филков кој доаѓа од коалицискиот партнер во Владата, му возврати со обвинување дека одработува други агенди.

Слични содржини