61
Министерот за правда Игор Филков изрази сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и најави одговорност за сите инволвирани во оваа трагедија.
„Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи.
Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност!
Нема зборови за оваа болка… но мора да има правда!
Секој што потфрлил – ќе одговара! Ова не смее да се повтори никогаш повеќе!
Нека почиваат во мир овие млади души“.