18
Министерот за правда, Игор Филков, на денешната прес-конференција информираше за напредокот на реформската агенда и подготвените закони. Измените на Изборниот законик се во тек, но зависат од политичката волја на партиите. Филков изрази надеж дека во следните две недели ќе се постигне договор за измени во согласност со препораките на ОДИХР. Законите за Судскиот совет, јавно обвинителство и новиот Кривичен законик се веќе подготвени или во финална фаза, а се очекува да бидат усвоени до јуни 2025 година.
Филков исто така најави кампања за зголемување на правната информираност на граѓаните преку јавни настани и социјални мрежи.