Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Министерот за правда Игор Филков во интервју за МКД осврнувајќи се на реформската агенда и законите кои се подготвени од Министерството за правда вели дека во целост се исполнети сите рокови, а за некои дури и е завршено порано.

„Нашата работа не се мери со декларативни заложби, туку со конкретни резултати. А фактите говорат дека сите закони кои се дел од реформската рамка се подготвени или се во финална фаза на усвојување. Еден од клучните закони е новиот Закон за Судски совет каде воведуваме јасни критериуми, отворени постапки, и механизми за одговорност. Прецизирани се условите за членство, се уредува разрешувањето, се зајакнува транспарентноста. Ова е удар на клиентелизмот. Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност. Законот е испратен на мислење на Венецијанската комисија“, потенцира Филков.

Слични содржини