Филков за смртта на Фросина: Целиот систем мора да се менува

од Nikola Popovski
114 прегледи

Министерот за правда, Игор Филков упати сочувство до семејството и пријателите на прерано загинатата Фросина Кулакова.

-Некогаш нема утешни зборови, но она што можам да се заложам е дека мојата политичка позиција и мојата човечка мисија ќе ја насочам за менување на работите од корен. Целиот систем мора да се менува однадвор и одвнатре, порача министерот.

Кулакова ќе биде погребана денеска во нејзиното родно Неготино. Нејзиното семејство соопшти дека последното испраќање ќе се одржи денеска во капелата во Бутел од 10 до 11 часот, а потоа од 13 до 14 часот во капелата во Неготино, по што ќе следи погребот.

Слични содржини