Џокерот, како негативец, е познат по тоа што си поигрува со психата на луѓето, а сето тоа му е смешно. Жоакин Феникс се обидел што поверодостојно тоа да го пренесе на филмското платно.
За да успее во својата цел, Феникс целосно се соживеал со ликот, а и веќе знаеме дека и многу ослабнал, а сето тоа влијаело и врз неговата целокупна физичка и ментална состојба.
Тој признава дека сега е опседнат со својата тежина и дека се фрустрира дури и ако накачи 100 грама.
„Кога ќе ја постигнете саканата тежина, развивате некаков вид на нарушување кога се нервирате ако се ‘здебелите’ и неколку грама“, признал тој, додавајќи дека иако во целиот процес често бил гладен и чувствувал слабост, сега се чувствува одлично.
„Можам да го движам телото на начини како што не ни можев да замислам претходно“, изјавил Феникс.