Долгоочекуваниот холивудски спектакл „Елвис“ заработи повеќе од 110 милиони долари ширум светот само во првата недела од прикажувањето во кината.
Главните улоги ги толкуваат Том Хенкс и Остин Батлер. Не грижете се, холивудската легенда не го толкува ликот на Елвис Присли, туку таа задача ја доби младиот Батлер.
Заплетот на филмот е фокусиран на музиката и животот на познатиот пејач, како и односот што го имал со својот ментор во текот на две децении успешна соработка. Филмот ги прикажува и големите општествени, политички и културни промени низ кои поминуваа САД во времето кога Елвис ја стекна својата огромна популарност во оваа земја.
Своето место во оваа биографска филмска приказна го најде и Присила Присли, сопругата на Елвис од 1967 до 1973 година и една од највлијателните луѓе во неговиот живот.
Заедно со Хенкс и Батлер во главните улоги, во филмот се појавува и Хелен Томсон како мајката на Елвис и Ричард Роксбург како таткото на Елвис, Вернон.