Филмот „Збор“ го отвори дебатниот клуб „Лале“

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Данскиот филм „Збор“ (1955 година) на култниот режисер Карл Теодор Драер ја отвори новата сезона на филмско дебатниот клуб „Лале“. Филмофилите имаа можност да уживаат во одлична актерска игра, софистицирана кинематографија оцртана во црно-бела боја .

ordet-1955-05-gФилмот ги отвора моралните дилеми на религијата поврзани со реалитетот и егоизмот на луѓето кој се кршат во апсолутот, обликуван од љубов, вера и надеж. Сценарието за „Збор“ е адаптација на истоимента драмата од протестантскиот свештеник Кај Мунк.

https://www.youtube.com/watch?v=vFVToacVGPc

Филмот „Збор“ е добитник на „Златен глобус“ во САД  и „Златен лав“ во Венеција.