Филолог за Толковиот речник: Отстранувањето на „навредливите“ зборови е чин на цензура

од Nikola Popovski
318 прегледи

Докторот на филолошки науки, Емил Ниами реагираше на иницијативата на Владата и на МОН за отстранување одредници од Толковниот речник на македонскиот јазик.

Според него, во лексикографските изданија, особено кога станува збор за толковен речник, се одбележуваат сите лексеми кои постојат во јазикот, без оглед на тоа дали се во активна или во пасивна употреба, дали се архаизми, историзми, во кој стилски пласт се употребуваат итн.

„Имено, одредниците „циганчи се“, „циганштија“ и „циганштилак“, на кои реагираа одредени здруженија, во речникот се проследени со скратениците „разг.“ и „пејор.“, односно разговорно и пејоратив, со што јасно се определува сегментот на нивната употреба. На овие одредници, како што може да се прочита во медиумите, како непожелни се додадени и други, за кои се бара да бидат исфрлени од речникот. Одредницата „курва“ е исто така проследена со скратениците „разг.“ и „пејор.“, одредницата „педер“ со „разг“ и „грубо“, одредницата „педераст“ со „грубо“, вели Ниами.

Тој дополнува дека чинот на исфрлање е чин на цензура, која е категорија забранета со Уставот, згора на тоа што станува збор за сериозен научен и лексикографски труд.

„На ваквиот „лов на вештерки“, може да се очекува да почнеме од речниците да ги исфрламе зборовите „кур“ и „пичка“ проследени со скратеницата „вулг“, односно вулгарно, како и многу други лексеми, кои во секојдневниот говор може да им се чинат навредливи на одредена група говорители. Земјата е тркалезна, гравитацијата постои, постојат и соодветните лексеми во јазикот. Воедно ги охрабрувам моите колеги кои се автори на овие одредници да не попуштаат и да се спротивстават на ваквиот чин на обесценување на нивниот труд“, објави Ниами на социјалните мрежи.

www.makedonski.gov.mk“ е веб-страната која вчера беше презентирана во Институот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, платформа која е поддржана од министерствата за образование и култура, но и Владата на С. Македонија.

Од граѓанската иницијатива „Аваја“ упатија реакција за присуство на навредливи термини кои се содржат во новата дигитална верзија на Толковниот речник на македонски јазик, кој од вчера беше пуштен во употреба.

„Институтот за македонски јазик ги разбира реакциите на ромската заедница и информира дека зборовите ќе бидат отстранети од “Толковниот речник на македонскиот јазик“. Од Владата информираат дека претставници на Владата и од МОН стапија во контакт со редакцијата на Толковниот речник на македонскиот јазик при што од стручниот тим на речникот во Институтот за македонски јазик веднаш било покажано разбирање и согласност зборовите што ги предизвикаа реакциите да бидат повлечени“, велат од „Аваја“.

Слични содржини