Филпче: До крајот на годинава ќе се подигнат четири модуларни бопници

од Vladimir Zorba
367 прегледи

Четири модуларни болници до крајот на годинава ќе добијат Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга каде ситуацијата е приоритетна за зголемување на болничките капацитети за лекување на пациентите од Ковид-19, изјави министерот за здравство Венко Филипче денеска во Прилеп каде се проценуваше епидемиолошкјата состојба во градот и е констатирано дека досегашните мерки се доволни за справување со ситуацијата, а болницата одлично функционира.

Според Филипче монтирањето на модуларните болници почнува овој месец, а треба да заврши до крајот на годинава. Приоритет имаат Куманово и Струмица, а потоа и Гевгелија и Струга.

– Монтирањето на модуларните болници почнува во текот на овој месец и ако се одвива планот, до Нова Година веќе треба да има поставено четири модулари болници. Најкритични, во поглед на капацитетот се Куманово и Струмица и таму е даден приоритет, изјави Филипче.

Државата, како што вели, има повеќе од доволно брзи тестови. Со донациите на располагање се преку 100 илјади.

– Брзите се прават кај симптоматските случаи во првите пет дена кои даваат јасна индикација. Брзи тестови имаме повеќе од доволно. Досега како донација се стигнати 20 илјади тестови, а 13 илјади се веќе поделени. Вчера добивме голема донација од 13 илјади брзи тестови од норвешкото Министерство за одбрана, а тука се и нашата и поставката на Светската банка за набавка. Така што имаме над 100 илјади брзи тестови и тоа не е доведено во прашање, рече Филипче.

Слични содржини