Филпче: Немаме најава дека „Синофарм“ ќе аплицира во ЕМА, но тоа не значи дека вакцината не е кавлитетна

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашното интервју на „360 степени“ изјави дека вакцината „Синофарм“, која денеска пристигна во земјава во 200 илјади дози и од вторник се очекува да започне масовната имунизација на населението, во секој момент очекува одобрување за итна употреба од Светската здравствена организација, но дека досега нема најави за нејзина регистрација од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Сепак, вели, дека тоа не значи декавакцината не е квалитетна.

„Некои аплицираат и сè уште не стигнале до таа фаза, некои не ни имаат намера да аплицираат, зашто сосем соодветно функционираат нивните лаборатории, но имаат и таков пристап. Кинеската вакцина на „Синофарм“ е една од тие вакцини. Ние немаме најава дека кинескиот производител „Синофарм“ воопшто ќе аплицира во ЕМА, но тоа не значи дека вакцината не е кавлитетна. Ги пратиме студиите во кои ефикасноста е исклучително висока и тоа за нас е сосема доволно“, истакна Филипче.

Министерот посочи дека ниту некоја западноевропска земја, ниту САД досега упатиле некаков приговор до нашите власти поради одлуката за набавка на вакцини од Кина.

На состаноците со дипломатските претставници, како што посочи било кажано дека треба да се направи сѐ што може за земјава поскоро да ги добие потребните дози од вакцината.

Слични содржини