Филпче: Од вкупно 1637 оздравени пациенти, се обезбедија 1732 единици на ковалесцентна плазма

од Nikola Popovski
301 прегледи

Овие хумани луѓе се само мал дел од дарителите на ковалесцентна плазма, кои со својата несебичност спасуваа човечки животи во пандемијата, вака министерот за здравство, Венко Филипче им се заблагодари на дарителите.

Според него, на Институтот за трансфузиологија од вкупно 1637 оздравени пациенти, се обезбедија 1732 единици на ковалесцентна плазма за третман на пациентите со најтешка форма на болеста.

„Во рамките на ковид центрите, вкупно 1431 пациенти се третирани со ковалесцентна плазма на територијата на целата држава. Чест ми е што денеска имав можност да се сретнам со неколкумина од нив и лично да им изразам почит за нивната хуманост“, стои во објавата на министерот на социјалните мрежи.

Слични содржини