Во знак на последна почит кон човекот кој остави длабока трага во историјата на клубот, фудбалерите на Интер вечерва ќе настапат со црни ленти на дресовите во финалето од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Почина Ернесто Пелегрини, поранешниот претседател на Интер и еден од најзначајните луѓе во клупската историја. Имаше 83 години. Пелегрини го презеде клубот во јануари 1984 година од тогашниот сопственик Ивано Фраицоли и го водеше во период од 11 години, обележан со големи успеси и ѕвезди на теренот. Под негово раководство, Интер ги донесе некои од најголемите имиња во европскиот фудбал, како Карл-Хајнц Румениге, Лотар Матеус, Јирген Клинсман и Андреас Бреме.
Proprio il giorno di un evento speciale della tua Inter Ernesto te ne sei voluto andare. Gli hai voluto tanto bene. #ErnestoPellegrini #Presidente #Inter pic.twitter.com/bhQyjEWEha
— Aldo Serena (@Aldito11) May 31, 2025
Најголемиот успех во домашното првенство го постигна во 1989 година, кога Интер стана шампион со тогаш рекордни 58 бодa – во ера кога победата вредеше два бода. Две години подоцна, клубот го освои Купот на УЕФА, прв европски трофеј по повеќе од две децении. Истото натпреварување Интер повторно го освои и во 1994 година. Во 1995 година, Пелегрини го продаде клубот на Масимо Морати.
Смртта на Пелегрини длабоко ја потресе клупската заедница. Поранешниот напаѓач на Интер, Алдо Серена, се прости со емотивна порака на социјалните мрежи, заедно со фотографија од прославата на Суперкупот на Италија во 1989 година: „На самиот ден на посебен настан за твојот Интер, Ернесто, реши да си заминеш. Ти се допадна толку многу“. Клубот објави и официјално соопштение: „Претседателот Ернесто Пелегрини нè напушти. Единаесет години го водеше Интер со мудрост, чест и решителност, оставајќи неизбришлив белег во историјата на нашиот клуб.
Ci ha lasciato il Presidente Ernesto Pellegrini. Per undici anni ha guidato l’Inter con saggezza, onore e determinazione, lasciando una impronta indelebile nella storia del nostro Club.
FC Internazionale Milano e tutto il popolo nerazzurro si stringono attorno ai suoi familiari pic.twitter.com/pXMdNsOZ06
— Inter ⭐⭐ (@Inter) May 31, 2025
ФК Интернационале Милано и сите Нероаѕурите се собираат околу неговото семејство“.
Во 2020 година, Интер му оддаде посебна почит на Пелегрини со тоа што го вклучи во „Салата на славните“ на клубот. Вечерва, Интер ќе се обиде да освои уште еден голем европски трофеј, носејќи на дресовите симбол на тага и благодарност – црна лента, во чест на човекот кој ја испиша една од најсјајните епохи во историјата на клубот.