Финансиска полиција ќе ги испитува јавните набавки за горивото за ЈСП

од Nikola Popovski
45 прегледи

Скопското јавно обвинителство соопшти дека ги следат сите информации во врска со јавниот превоз во Скопје и дека веќе се дадени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.

Во 14 часот, Владата има закажано вонредна седница за проблемот со превозот, а во 18 часот е закажан вонредна седница на Советот на Град Скопје.

-Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП“ – Скопје избрало неприфатлива понуда за најповолна при набавката на горивото еуродизел, увидела управната контрола, а информираат од Бирото за јавни набавки. Оттаму велат дека понудата, која била и единствена поднесена во постапката, не исполнува услов што самиот ЈСП го навел во тендерската документација. Истото, според Бирото, е наведено и во самиот извештај од спроведената постапка во Комисијата за јавна набавка во претпријатието.

Инаку, сите постапки за јавни набавки на стоки и услуги со вредност на 500 000 евра се предмет на управна постапка, согласно членот 172 став 3 од Законот за јавни набавки, без оглед на тоа кој договорен орган ги спроведува.

Од Синдикатите при јавното претпријатие вчера информираа дека во Скопје сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во Автокоманда и во Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.

Во меѓувреме, метеж на автобуските постројки, нервоза кај граѓаните, колапс на јавниот превоз во Скопје. Автобусите на ЈСП редуцирани по улиците, а голем дел се во гаражите.

-Нафта нема, велат од јавното претпријатие. Постапката за јавна набавка на еуродизел прекината, според Бирото за јавни набавки оти како што велат не се испочитувани законските процедури.

Слични содржини