Во вторникот финансиската полиција изврши претрес во просториите и документите на фудбалскиот клуб Милан, како дел од истрагата за потенцијални неправилности при продажбата на клубот на нови сопственици.
Во 2022 година „Росонерите“ беа купени од „Редбрд“ од претходните сопственици, „Елиот менаџмент“
Во последните денови Обвинителството покрена истрага по наводите дека старите сопственици сè уште го контролира клубот и покрај продажбата на други сопственици, и издаде налог за претрес до Финансиската полиција во комплексот „Каза Милан“ во градскиот кварт Портело.
Во налогот за претрес се тврди дека актуелниот извршен директор на клубот, Џорџо Фурлани, и неговиот претходник, Иван Газидис, со измама сокриле информации што требало да бидат претставени на Италијанската фудбалска асоцијација во врска со сопственичката структура на клубот.
„Се чини дека поголемиот дел од средствата искористени за купување на клубот дошле од инвестициски фонд што не припаѓа на „РедБрд“. Се сомнева дека Елиот моментално одржува ефективна контрола врз компанијата“, се вели во налогот за претрес.
Во наредбата на Обвинителството, во која увид имал Фајненшл Тајмс, пишува и дека американската компанија „Елиот“ индиректно го контролира францускиот фудбалски клуб Лил, што е спротивно на правилата што важат во УЕФА.