Финансиската полиција утрово врши претреси во домот на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчевски. Според информациите, истрагата опфаќа сомневања за финансиски злоупотреби во времето кога Мирчески беше прв човек на СОЗР, а неговото раководење со институцијата било предмет на проверка од Финансиската полиција и во изминатите пет месеци.
Детали за акцијата се очекуваат во текот на денот, а неофицијално дел од медиумите пишуваат дека Мирчески е приведен.
Мирчески на оваа челна позиција во СОЗР беше од самиот почеток на владеењето на претходната влада на екс-премиерот Зоран Заев, од јуни 2017-та година, кога дојде на местото на неговиот претходник Васе Доневски.
Мирчески имаше и значајна партиска функција во редовите на СДСМ.