Финансиски проблеми на повидок? Меган и Хари соочени со нов предизвик

од Stefanija Kuzmanovska

Откако го напуштија британското кралско семејство и се откажаа од кралските должности, Меган Маркл и принцот Хари никако не можат да започнат подобро поглавје во нивните животи.

Војводата и војвотката од Сасекс би можеле да наидат на сериозен финансиски проблем.

Имено, „Нетфликс“ го откажа анимираниот филм „Бисер“, во кој главна тема е 12-годишното девојче Меган Маркл и нејзиното рано детство во кое се соочила со тешкотии, иако истата куќа на кралската двојка без многу размислување ѝ даде 100 милиони долари, за реализација и прикажување на филмот.

Тоа е нов удар за Меган и нејзината продукциска куќа „Арчвел“, која ја основа во 2020 година со нејзиниот сопруг принцот Хари.

Иако „Нетфликс“ без многу размислување ѝ дал 100 милиони долари на кралската двојка за реализација и снимање на споменатото дело, неуспевајќи да ги реализираат своите идеи две години, Меган и Хари би можеле да се соочат со сериозни санкции.

Сепак, од друга страна, Хари и Меган тврдат дека наскоро ќе ги оправдаат вложените милиони на Нетфликс.

Се чини дека поранешната војвотка не успеала да го заврши својот проект речиси две години, а Нетфликс поради тоа бил принуден да го откаже. Нетфликс го направи истото во последните денови со голем број други анимирани проекти кои не ги исполнија роковите и се уште се во рана фаза.

Слични содржини