Финансискиот сектор на Лондон може да загуби 38 милијарди фунти при “тврд” Брекзит

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Британскиот финансиски сектор може да изгуби до 38 милијарди фунти приходи во случај на т.н. тврд Брекзит кој ќе доведе до ограничување на пристапот на земјата до единствениот европски пазар, пренесе “Ројтерс”.

zx450y250_2838516-1

Ако финансиските компании го изгубат правото слободно да ги нудат своите услуги во Европа, може да исчезнат 75 илјади работни места според објавениот вчера извештај на консултантската компанија Oliver Wyman.

Се јавуваат се повеќе претпоставки дека секторот кој вклучува банки за услуга на клиенти на мало, компании за управување со средства, осигурителни и инвестициски банки, ќе ги изгубат своите права, откако британската влада же го договори излегувањето на земјата од ЕУ.

Во интерес на сите е да има позитивен исход од преговорите, кој да биде взаемен профитабилен за Велика Британија и ЕУ, да предизвика минимални турбуленции во секторот и да биде од корист за потрошувачите, наведува потпретседателот на консултантската компанија Хектор Сантс.
Извештајот е порачан од главната лоби група на секторот TheCityUK.

Иднината на Лондон како европски финансиски центар ќе биде главен пункт во преговорите за Брекзит, бидејќи тој е најголемиот излоижан сектор на земјата и најголемиот извор на приходи од даноци.

Британскиот финансиски сектор генерираат меѓу 190 и 205 милијарди фунти приходи секоја година и дава работа на 1,1 милиони луѓе, се истакнува во извештајот. Индустријата плаќа околу 60 до 67 милијарди фунти на име на даноци.

Во извештајот се разгледани две сценарија на Брекзитот.

При најлошото сценарио, кога меѓународните банки ќе изгубат пристап до единствениот пазар, или во случај на т.н. тврдБрекзит, приходите ќе се намалат меѓу 32 и 38 милијарди. фунти, а меѓу 65 илјади и 75 илјади работни места ќе бидат затворени.

Ако Британија го задржи пристапот до европската економска зона кај слични на сегашните услови, тогаш може да бидат затворени 4 илјади работни места, а приходите да се намалат за 2 милијарди фунти.