Финска: Членството во НАТО е најдоброто решение за безбедноста на земјата

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Влезот во НАТО е најдобрата опција која ја гарантира националната безбедност на Финска, соопшти денеска комисијата на финскиот парламент задолжена за одбрана, пред официјалната одлука на земјата дали ќе влезе во Алијансата.

Комитетот даде мислење за тоа прашање како одговор на белата книга на Владата за нејзината надворешна и безбедносна политика, пренесува „Ројтерс“.

Финскиот парламентарен комитет задолжен за одбрана заклучи дека членството на земјата во Северноатлантската алијанса значително ќе ги зголеми шансите земјата да избегне да стане цел на „руската агресија“.

Слични содржини