Финска ќе почне да запленува автомобили со руски регистарски таблички

Почнувајќи од сабота, 16 март, сопствениците на автомобили со руски регистарски таблички мора да го докажат своето право да ги користат возилата во Финска ако ги запре полицијата

од Бети Божиноска
308 прегледи

Автомобилите со руски регистарски таблички мора да ја напуштат Финска најдоцна до 15 март, во спротивно ќе бидат запленети, предупреди во вторникот финската царина.

Мерката е наложена со санкциите на ЕУ против Русија како и со политиката што ја објави финското Министерство за надворешни работи во септември минатата година, која предвидуваше преоден период од шест месеци за автомобилите со руски регистрации да ја напуштат територијата на ЕУ.

Почнувајќи од сабота, 16 март, сопствениците на автомобили со руски регистарски таблички мора да го докажат своето право да ги користат возилата во Финска ако ги запре полицијата. Сите такви возила кои не спаѓаат во одредени исклучоци ќе бидат запленети и отстранети од територијата на ЕУ, а нивните сопственици ќе треба да плаќаат царина и даноци.

Според царинските власти, право на привремено управување со автомобили со руски регистерски таблички на финска територија имаат само студенти и лица со важечки договор за вработување на определено време. Ваквите автомобили мора да се внесени во Финска легално пред да стапи на сила забраната за увоз.

Исклучок е направен и за автомобили кои се во Финска според регулативите за санкции на ЕУ, како што се автомобилите во сопственост на граѓани на ЕУ со постојано живеалиште во Русија.

Во моментот е невозможно да се излезе од Финска преку нејзината граница со Русија бидејќи премините граничните премини остануваат затворени до 14 април.

„Властите нема да издаваат посебни упатства за практични прашања во врска со излезот на возилата. Наместо тоа, сопствениците на автомобили се одговорни за одлуките во врска со нивните возила“, се вели во документот.

Пет земји-членки на ЕУ што се граничат со Русија – Полска, Финска, Естонија, Латвија и Литванија- забранија влез за автомобили со руски регистерски таблички зашто таквиот влез се третира како увоз од страна на ЕУ, што е забрането од 2022 како дек од санкциите на Брисел.

Забраната во Литванија стапи на сила во понеделчникоот и важи за сите автомобили со руски регистарски таблички освен за дипломатски автомобили и возила кои транзитираат низ Литванија до и од рускиот регион Калининград.

Возачите со руски регистарски таблички ќе се смета дека го прекршуваат законот и же бидат гонети според Законот за административни прекршоци.

На територијата на Литванија сè уште има околу 50 автомобили регистрирани во Русија, а нивните сопственици се соочуваат со казни од 200-6.000 евра. Властите соопштија од властите дека овие автомобили ќе бидат запленети ако не ја напуштат земјата.

Автомобилите со руски регистерски таблички се забранети и во Бугарија, Германија и Норвешка, која не е членка на ЕУ, но има копнена граница со Русија.

Москва ги критикуваше овие забрани како апсурдни и тврди дека ограничувањата наметнати од Брисел ги принудуваат членките на ЕУ да ги дискриминираат Русите.

Слични содржини